Референдум за изградбата кај “Холидеј ин”

Распишување на референдум за изјаснување на граѓаните дали се за суспензија на деталниот урбанистички план Ц08,во јавноста познат по паркингот наспроти Холидеј ин каде инеститорите МПЦ и Зоран Антиќ веќе започнаа со градење на првата од трите згради во рамки на едната градежна парцела Г.П.1.

Референдумот е на барање на советниците од Левица во Советот на општина Центар. Иницијативата ја темелат на Законот за референдум. Марија Среброва вели дека референдумот е целосно издржан и неспорен механизам преку кој граѓаните треба да одлучат за судбината на својата општина. 

Дека потребно е распишување на референдум велат и советниците од „Шанса за Центар“. Советникот, Јане Димески смета дека потребно е да се даде простор за изразување на граѓанската воља, а тоа е можно само ако постои политичка волја во Советот за донесување одлука за референдум. 

Од советниците на СДСМ, во општина Центар, советникот Гордан Симоновски  вели дека остануваат воздржани се додека не се анализира прашањето за референдум од правен аспект. 

Воздржаност по однос на прашањето за референдум постои кај и советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во телефонски разговор, советникот Игор Лазарев посочи дека ќе почекаат како советничка група да се изјасни Комисијата за урбанизам дали референдумското прашање може да се спроведе. 

Инаику, согласно Законот за референдум, токму во членот 36 се наведува дека: 

ЗАКОН ЗА РЕФЕРЕНДУМ И ДРУГИ ОБЛИЦИ НА НЕПОСРЕДНО ИЗЈАСНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ 

Член 36 

(1) Референдум на локално ниво распишува советот на општината, на градот Скопје и на општините во градот Скопје (во натамошниот текст: советот), по сопствена иницијатива и на предлог од најмалку 20% од граѓаните од општината, градот Скопје и општините во градот Скопје.

(2) Советот може да распише референдум на локално ниво за прашања од негова надлежност за кои со закон е овластен да одлучува.

Source link: www.24.mk