1.375 новозаразени со Ковид 19 во Македонија - починаа двајца пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.188 тестирања, а регистрирани се 1.375 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 852, Битола – 135, Прилеп – 70, Куманово и Кавадарци – по 38, Охрид и Штип – по 25, Струмица – 21, Ресен – 18, Тетово и Гевгелија – по 14, Неготино – 13, Гостивар, Велес и Радовиш – по 10, Валандово – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Крушево — по 8, Кичево и Богданци – по 7, Делчево и Крива Паланка – по 6, Кочани –  5, Струга, Виница, Македонски Брод и Свети Николе – по 3, Дебар, Кратово и Пехчево  – по 2.

Регистрирани сe 217 оздравени пациенти од: Скопје – 116, Охрид – 13, Прилеп – 12, Битола – 10, Струмица и Куманово – по 9, Кавадарци – 8, Гевгелија – 4, Велес, Штип, Кичево, Ресен, Крива Паланка и Берово – по 3, Струга, Валандово, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и Делчево – по 2, Тетово, Кочани, Свети Николе, Радовиш  Пробиштип и Богданци — по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 2 починати лица:  по едно починато лице од Скопје (75 г) и Кавадарци (61 г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 2 лица, по едно лице од Тетово (84г) и Делчево (74г), починати на 28.12.2021 и 02.01.2022г. 

Пријавените се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 228.540, бројот на оздравени пациенти е 213.722, на починати е 8.000, а бројот на активни случаи изнесува 6.818.

Source link: www.24.mk