Законски недоречености со недела неработен ден

Недела неработен ден — за кого како. Но, дали воопшто постои посебен закон за недела неработен ден и за што всушност станува збор?

Од Сојузот на синдикати и од Државниот инспекторат за труд потврдуваат дека не постои закон за недела неработен ден туку дека недела како неработен ден се регулира преку измени и дополнувања на Законот за работни односи и Законот за трговија. Па така од утре инспекторите на Државниот инспекторат за труд ќе излегуваат на терен и ќе работат по дојава за евентуални прекршувања на работодавачите кои нема да ги испочитуваат законските измени за недела неработен ден. 

„Со измените и дополнувањата на Законот за работни односи се регулира дека недела е ден за неделен одмор, а во Законот за трговија се регулира кој може да работи во недела во делот на сите оние кои се регистрирани согласно законот за трговија. Исклучоците за тоа кој може да работи во недела се дадени во измените на Законот за работни односи. Угостителите, трговските центри се регулирани. Трговски центри коишто имаат ефективна површина над 8 илјади метри квадратни тоа е пропишано во Законот за трговија.“ — вели директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска. 

Но кои се всушност придобивките од измените на Законот за работни односи и што не се прифатило, од Сојузот на синдикати велат дека со измените недела станува ден за одмор за 92 % од работниците во Државата, а 8 % од работниците кои работат во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес ќе работат. Додека додатокот на плата за работа во недела изнесува најмалку 50% за секој час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот и слободен ден ќе користат во наредните 7 денови.

„Не беше прифатен предлогот на ССМ, слободниот ден за оние работници кои работат во недела задолжително да биде денот пред или после денот недела во кој реаботникот работи, како и заради прекршување на законските одредби да се затвори работењето на целата компанија, а не само работните простории каде прекршувањето е сторено.“ — велат од ССМ 

По однос на Законот за изменувања и дополнувања на законот за трговија од 

Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека од самиот почеток е против работничките права за уредување на правото на недела за ден на неделен одмор да не се уредат во Законот за работните односи и да се уредуваат и со Законот за трговија. Во изменетиот член 25 од  Законот за трговија во ставот 4 се уредува дека Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон.

Source link: www.24.mk