Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ вели дека може да се очекува пристап на чесност од членовите и отчетност и транспарентно да се види дали и како ефикасно ја завршил задачата.
— СДСМ во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за стручната јавност особено преку новиот систем на комисии кои партијата планира да го реактивира. Во таа насока, вчера беше основан советот за креирање и имплементација на политики. Очекувам теренска работа на СДСМ, да се врати помеѓу граѓаните. — рече Богоев.
Source link: www.24.mk