Антикорупсцика го оспори пред Уставен суд сегашното упатство за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на телевизиите

Државната комисија за спречување на корупција пред Уставен суд го оспори „Упатството за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во земјава“. 

Антикорупционерите утврдиле прекршување на одредби од Уставот и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, зошто АВМУ наместо да ја утврдува состојбата на недозволена медиумска конкуренција, истата сама ја иницира. Едно од клучните прашање е зошто гледаноста ја мери Комитетот, а не агенцијата за медиуми. Антикорупционерите се повикуваат на законот за аудио и аудивизулени медиумски услуги. 

„Со донесување на Упатството, спротивно на законската надлежност (обврска) на Агенцијата утврдена во член 6 став 1 алинеја 16 од Законот — да врши мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите, истата СЕ ПРЕНЕСУВА на Македонскиот комитет за мерење на публиката.“, наведуваат  од Антируоциска. 

Го отвораат и прашањето за содржаната на Упатството кое се одесува на тоа кој може да биде основач или дел од комитетот

— Оспореното Упатство е правна основа за основање на Комитет како правно лице, кое пак со наведената сопственичка структура е во директна спротивноста на член 37 од Законот.  Со Упатството како подзаконски акт не сепрецизираат законските одредби за вршење на конкретната надлежност, туку Советот на Агенцијата, надвор од своите законски надлежности, уредува материја надвор од опфатот на Законот. — велат од ДКСК.

Сега на потег е Уставен. Оттаму за ТВ24 велат предметот е во фаза на претходна постапка. 

— Предметот е во фаза на претходна постапка, во која се прибираат потребните известувања и податоци потребни за изготвување на реферат за седница во кој ќе биде содржан и соодветен предлог за одлучување. — велат од Уставен суд.

Дополнително како што наведуваат антикорупционерите посебно прашање е што во оспореното Уаптство, без да има пропишани критериуми, Советот на Агенцијата, дискреционо ги утврдува членовите на Комитетот, притоа антикрупациска ги наведува имњата на основачите или на самите пет национални телевизии заедно со  Македонска асоцијација на агенции за маркетинг.

Source link: www.24.mk