Ѓуровски: Оставката на Заев - потег непознат ниту за Македонија, ниту за регионот

„Добро е што ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се појави во Собранието, затоа што политиката треба да се врати во нормални рамки, што помалку да се гледаат разговори во Клубот на пратениците. Отворен Балкан е поен плус за регионот, но не и алтернатива за забавениот процес на евроинтеграциите. Може да го сакате или не досегашниот премиер Заев, но тој со оставката манифестираше потег на култура кој не е познат ниту за Македонија, ниту за поширокиот регион. Се разбира дека помал е успехот во борбата со организацијата на криминалот и корупцијата. реално, каде беше Македонија пред 9 години, каде е сега, нивото на слобода е големо. Но и тоа не е доволно, па граѓаните ја казнија оваа Влада. Прашањето е дали само Зоран Заев е виновен“ — вели Марјан Ѓуровски, проректор на УКЛО во Студио 10 на ТВ24.

Source link: www.24.mk