Африм Гаши пресече – Централното претседателство даде зелено светло за неговите фаворите.
Kако што објави пред извесно време ТВ24, Беким Сали — генералниот секретар на Алтернатива и преговарач заедно со Гаши со Зоран Заев и Димитар Ковачевски и официјално ќе седне во фотелјата на Венко Филипче како министер за здравство, Адмирим Алити ќе биди министер за информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи министер без ресор одговорен за дијаспората, Лулзим Алиу заменик министер за образование, Абдулшикир Абедини министер за земјоделство, Даим Лучи заменик министер за култура, одлучи вечерва Централното претседателство на Алтернатива.
Пратеникот и поранешен министер за култура Хисни Исмаили, за кого Антикорупциска отвори постапка и бара ОЈО кривично да го гони е изборот на Гаши за потпретседател на Собранието.
Од Алтернатива велат сопартијците на Гаши застанале зад неговиот избор.
6-те директори меѓу кои и портпаролот Орхан Муртезани, како прв човек на МЕПСО, се очекуваа да бидат именувани на владина седница уште во вторник.
Од Алтернатива најавија дека Гаши добил овластување да преговара и за другите функционерски места. Изборот на министрите ќе го чекаат Димитар Ковачевски да стане мандатар, нивниот избор се очекува до 15. јануари.
Source link: www.24.mk