Османи за ТВ 24: Шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османиво емисијата 24 анализа истакна дека одлуките за проширување се носат со консензус. Нашата позиција е принципиелна и многу земји членки ја поддржуваат. Бугарија има право на вето. Во оснос на ставот на новиот премиер Петков, Османи вели дека е спорна временската рамка.

— Шест месеци е предолг период во контекст во кој се наоѓа регионот. Има многу отворени прашања. Сметам дека тој период нас не ни одговара. Треба да седнеме со Петков и да разговараме што значи тој период. Таквиот пристап требаше да биде одамна. Првата меѓувладина конференција не е ништо поразлична од останатите. Немаше потреба целиот регион да се држи во заложништво. — рече Османи.

Source link: www.24.mk