Ангелов за ТВ 24: Ако сум се помирил со непријател со кој се убивавме, може и двете најголеми партии да се помират

 Стојанче Ангелов во емисијата 24 анализа рече дека новата доктрина на опозицијата ќе донесе нови веришта во државата. Смета дека и Ковачевски ќе го направи истото.

— На почетокот кога новите лидери стапуваат на должност, се под влијание на старите лидери, но потоа се осамостојуваат или се одметнуваат од дотогашните „ктитори“. Се надевам дека во наредниот период ќе се намали негативната реторика. Јас како бранител на оваа држава го заговарам помирувањето меѓу двете партии.Ако сум се помирил со непријател со кој се убивавме, може и двете најголеми партии да се помират. — рече Ангелов.

Source link: www.24.mk