Зелениот договор како прогресивен план за заштита на природата и превенирање на општествено-економските последици, предвидува стратешка рамка за колективно делување кон трансформирање на функционирањето на целокупниот систем.
Според шефот на одделот за соработка во делегацијата на Европската Унија, Штефен Худолин тој ги опфаќа: Климата, економијата, транспортот, загадувањето и биодиверзитетот.
Соларната енергија, органското производство во земјоделието, решенијата за јавниот транспорт, електрификацијата, превенцијата на загадувањето на ресурсите со отпад и пластика, како и штедливите иновации- се едни од главните приоритети во договорот.
Ова ги вклучува сите аспекти на секојдневието — начинот на живот, економските активности, исхраната, навиките на личното однесување, културата, социјалната заедница и професионалната средина.
Кампањата има цел да ги анимира граѓаните да се информираат и да ја разберат важноста за земјата и за себе, предизвикана од позитивните промени кои ги третира Зелениот договор.
Source link: www.24.mk